Брижит Макрон ги собра сопругите на светските лидери - ова беше на менито во Версајската палата

Додека францускиот претседател Емануел Макрон во Јелисејската палата приреди ручек за шефовите на државите и владите, повикани по повод 100 години од завршување на Првата светска војна, неговата сопруга Брижит Макрон во дворецот на Версај прирде ручек за сопругите на лидерите.

На тој ручек присуствувале 45 гостинки меѓу кои Меланија Трамп, сопругите на премиерите ог Грција и Белгија, како и сопругата на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Менито било исто како и менито на претседателите: пилешко од Брест од компир од Сома, со три вида вино: бело од Бургундија со предјадење, црно од Бордо со главно јадење и шампањско со десерт.

Brižit Makron i supruga Aleksisa Ciprasa Beti Bacijana

Медиумите пишуваат дека француската прва дама е насмеана и добро се држи иако во петокот ѝ починал постариот брат Жан Клод Тронје.

 

 

 

 

12.11.2018 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега