Млада милионерка бара момче и не сака пари: „Нудам 70.000 евра за тој што е подготвен да биде со мене“

Дваесет и три годишната Џејн Парк е милионерка ов Велика Британија која на 17 години освоила милион фунти на лотарија и така станала позната.

Иако секојдневно ужива во скапи работи и луксузни патувања, изгледа дека ѝ потребна поголема среќа за љубов, па нуди 60.000 фунти годишно (нешто помалку од 70.000 евра) на своето идно момче, односно било кој кој сака да биде со неа.

Не е шега, оваа млада милионерка е сериозна.

Тврди дека откако добила пари на лотарија нема среќа во љубовта бидејќи не знае дали некој сака да биде со неа затоа што е богата или навистина му се допаѓа, па затоа се одлучила за оваа необична понуда, бидејќи барем ќе има отворен договор.

Не сакала да открие уште колку пари ѝ имаат останато, но вели дека конфорно живее, а намногу сака да троши на модни додатоци, естетски зафати и скапи патувања.

 

 

 

12.11.2018 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега