Бидете внимателни: Измама со огревни дрва - скопјанка наседнала

Шеесет и седум годишната Р.Т. од село Волково вчера попладне пријавила во Полициската станица Ѓорче Петров дека истиот ден околу 12.30 часот непознат сторител ја измамил за 8.000 денари.

-Сторителот дошол до дворот и на неа и нејзиниот сопруг Р.Т. им понудил огревни дрва по цена од 2.500 денари од метар кубен. После тоа, нејзиниот сопруг со сторителот заминале да ги видат дрвата. Кога стигнале, лицето му кажало на Р.Т. да го почека малку и дека бргу ќе се врател, информираат од МВР.

Потоа, лицето отишло кај пријавителката и и кажал дека се договориле со нејзиниот сопруг  и дека треба да му даде 8.000 денари.

Сторителот ги зел парите и заминал, а откако Р.Т. се вратил дома заклучиле дека биле измамени.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

26.10.2018 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега