За 8 часа над 20 земјотреси во Грција - најсилниот 6.8 степени

Во изминатите осум часа во Грција регистрирани се 23 силни земјотреси.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар првиот земјотрес е регистриран во 1:22 часот по полноќ по локално време. Тој бил со јачина од 5,1 степени по Рихтер.

Последниот регистриран земјотрес со јачина од 4,4 степени ја стресе Грција во 9:44 по локално време.

Од објавените податоци може да се види дека од сите 23 досега регистрирани земјотреси, најслаби биле два со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала. Останатите се со јачина меѓу 6,8 степени по Рихтер, кој бил и најсилниот, и 4,3 степени.

Сите земјотреси се регистрирани во Јонското Море во близина на западниот грчки туристички остров Закинтос.Грчката противпожарна служба соопшти дека досега не е пријавена штета, но оти во главниот град на островот Закинтос нема струја. Во друг дел на островот биле пријавени паднати карпи, а се урнал и дел од ѕид на црква во градот Пиргос, во јужниот дел на Пелопонез.

Поголемиот дел од земјотресите се почувствувани во цела Грција. 

 

 

 

26.10.2018 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега