Се ожени со роднина и има најскапа куќа на светот: Како изгледа раскошниот живот на принцот Мухамед

Медиуми последниве денови се преполни со вести за принцот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман.

Човекот кој западните медиуми го претставуваат како прогресивна сила на земјата позната по се освен по прогресивни потези, неодамна се најде вплеткан во скандал откако во саудскиот конзулат е убиен саудиски новинар Џамал Кашогл, инаку еден од најгласните критичари на „прогресивниот“ принц.

Малку луѓе надвор од Саудиска Арабија слушнале за него пред 2015 година, но привлече внимание и од западните медиуми откако воведе реформи, кои меѓу другото, на жените им овозможуваат да возат и да посетуваат спортски случувања. Во исто време, одобри апсење на активистки за права на жените, но тоа е нешто на што најмалку се обрнува внимание.

Освен поврзаноста со бруталното убиство на саудискиот новинар, медиумите ги фасцинира и приватниот живот на принцот кој го прави еден од моментално најинтересните славни личности на светската сцена.

Принцот Мухамед е во брак со својата роднина, принцезата Сара бинт Масхур бин Абдулазиз, а се венчале во 2008 година. Имаат 4 деца, две момчиња и две девојчиња. Бракот меѓу роднини не е реткосѕ кај богаташите, а особено не и кај сиромашните во Саудиска Арабија.

Неговото богатство исто така ја фасцинира јавноста. Принцот е исклучително богат, а тежок е повеќе од 3 милијарди долари што е неверојатно дури и кон мерилата на саудиското општество.

Сопственик е на една од најубавите куќи и насјкапите куќи во светот,. а за големата палата дал 300 милиони долари во 2015 година. Во медиумите се појавиле информации дека купил јахта за 500 милиони долари.

 

 

 

25.10.2018 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега