ВМРО-ДПМНЕ: Нема никакво извинување за криминалниот картел на власта

Со интервјуто на братот на Зоран Заев, Вице Заев само се официјализираше новата коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков, реагира ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Вице Заев.

„Иако не е достојно нивото на комуникација потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски да му одговара на Вице Заев човек за кој постојат сериозни сомнежи за криминал би го посочиле следново: Непобитен факт е дека Вице Заев е дел од структурите кои вршеа притисок, уцени и закани врз пратеници за да гласаат „ЗА“ уставните измени, водејќи се од лични и лукративни интереси за него и неговото семејство. Тоа е единственото што знаат да го прават. Такви се тие „успешни бизнисмени“.

Вистината и правдата ќе дојде на виделина и ќе дојде време за тоа. Нема никакво извинување за криминалниот картел на власта, а судството кое е целосно диригирано од Заеви каде неправдата „цвета како пупка“ истото тоа кое го ослободува братот на Вице, Зоран Заев од очигледни криминали каде постојат видеа за поткуп, во овој момент не може да испорача правда. Иако ќе дојде набргу време и тоа да се промени.

И за крај во НАТО и ЕУ не поминуваат бизнис шемите на Заеви и затоа е смешно Вице да зборува за нив“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

25.10.2018 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега