Се искршија две возила, двајца повредени: Детали за тешката несреќа кај делчевско

Во 17.40 часот на место викано „Баткова чешма“ атар на село Драмче, делчевско на магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес Спринтер“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од 33-годишнниот С.Г. од Делчево, и патничко моторно возило „Ауди А4“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Д.К.К. од Бугарија.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатникот во возилото "Ауди" В.П.Г.(22) од Р.Бугарија, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавна здравствена установа „Гоце Делчев“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

06.10.2018 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега