Трагедија во Македонија: Еден живот згасна, едно лице тешко повредено

Во 12:30 часот на автопатот Скопје – Велес, се случила трагедија во кое едно лице е повредено, а друго починало.

33-годишниот К.М. од село Облешево управувајќи патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со бугарски национални ознаки  изгубил контрола над возилото и се превртел. Од незгодата на местото на настанот починал сопатникот А.М.(46) од село Облешево, а возачот К.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

06.10.2018 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега