Несреќа во Гостивар: Му се слошило и починал на лице место

Маж починал пред столарска работилница во Гостивар.

Како што информираат од МВР, вчера во 12.20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека околу 12.00 часот во Гостивар пред столарска работилница на улица „Васил Василески“, сопственост на 75-годишниот Љ.М. починал 63-годишниот Л.К. од Гостивар. 

Тој, според пријавеното, дошол да земе отпаден материјал од обработката на дрвата, му се слошило и починал. Смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција. 

 

 

 

 

05.10.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега