Гербрих со порака до ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата да не ја одалечува земјата од ЕУ и НАТО

Германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих, отворено ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по референдумот, да гласа за уставните амандмани во Собранието.

– Со преку 91 процент од гласовите, гласачите во Македонија дадоа огромна поддршка за нивниот европски пат и членство во ЕУ и НАТО. Жалам што само 37 отсто од гласачите со право на глас учествуваа на референдумот и со тоа не беше постигнат потребниот цензус. Сепак, референдумот не е обврзувачки, и сега е клучно да биде постигнато неопходното двотретинско мнозинство за уставните амандмани и за промена на името во неопходното гласање во Собранието. Затоа, ја повикувам македонската опозиција да се приклучи и да гласа во корист на уставните амандмани, а со тоа и за патот на нивната земја кон НАТО и ЕУ. Ве молам, немојте да го блокирате овој пат за Македонија на долг рок и со тоа да ја изолирате земјата во рамки на Европа – рече Герберих синоќа на приемот по повод првата регионална конференција за правата на ЛГБТ во Западен Балкан, која се одржува во Скопје.

Гербрих го цитираше политичкиот аналитичар и поранешен член на Меѓународната кризна група, Едвард Џозеф, кој рече дека договорот за името меѓу Македонија и Грција заслужува Нобелова награда, бидејќи создаде нов модел за решавање на меѓународни договори, особено во врска со прашањата за идентификација.

– Но, уште повеќе, договорот го отвора патот за создавање на ново македонско општество. Ново општество во кое преовладува правната сигурност, во која сите луѓе можат да ги остваруваат своите основни човекови права, во кои никој не им диктира на луѓето какви треба да бидат нивни мислења, или кого треба да сакаат – истакна Герберих.

 

 

 

05.10.2018 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега