Сања сакала да ги убие сите колеги - ставила пестицид во заедничкото кафе

Лаборантката за Земјоделско-советодавната стручна служжба во Смедеревод, 41-годишната Сања Николиќ, е осомничена дека во април оваа година отрула 2 лица со ставање пестициди во кафето, а прогласена е за непресметлива. Вишото обвинителство ја товари за убиство во обид и бара психијатриско лекување во затворската болница.

Сања е уапсена во април под сомнение дека во кафето на колегите од работа сипала пестицид метомил, кој инаку спаѓа во отрови од прва категорија.

Истргата на полицијата веднаѓ довела до лаборантката во Фитосанитарната лабораторија, која е уапсена.

Со вештачење на обвинителството утврдено е дека Сања во моментот на извршувањто на кривичното дело биле напресметлива.

Споре неофицијални информации од истрагата, таа немала конкретна мета, туку сакала да ги убие сите вработени. За среќа, ставените дози не биле смртоносни. Наводно, мотивот е одмазда, биејќи била предмет на озборување по фирмата.

Пред труењето наводно била во љубовна врска за која дознал нејзиниот сопруг. Сакајќи да се одбрани, таа му рекла дека не била доброволно туку дека е силувана.

Таа била убедена дека некој од колегите ја издал кај сопругот, а се се влошило кога почнале да ја озборуваат во фирмата.

Отровното кафе делимично го испиле три лица - двајца гости и еден вработен. За среќа, веднаш биле медицински згрижени, а потоа и лекувани.

Дејан П., сопругот на Сања бил приведен поради фрлање молотов коктел во дворот на љубовникот на неговата сопруга, а потоа бил пуштен од притвор, бидејќи кажал дека не сака никој да повреди.

 

 

 

04.10.2018 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега