ВИДЕО: Земјата се претворила во течност и голтнала 1.700 куќи - луѓето бегале како избезумени

Градот Палу на индонезискиот остров Сулавезиј, кој беше погоден од разорен земјотрес и две цунами, во кој настрадаа повеќе од 1.200 луѓ, доживеа уште ена страшна несреќа: земјата се претвроила во течност и проголтала 1.700 куќи.

Овој феномен е многу редок, но постои.

Кога водата ќе ја претвори песокта во кал, тогаш доаѓа до силен потрес, честиците на песокта и земјата губат меѓусебен контакт под огромен притисок на водата, па тлото, особено ако е песокливо, почнува да се однесува како течност.

Чувството кога се движите по песочна плажа е блага илустрација на овој феномен.

Ваквата несреќа ги стигна жителите на Баларое, предградие во Палу, кое беше погодено од цунами и земјотрес.

Тлото почнало да се однесува како течност и проголтало цел станебн комплекс.

 

 

 

02.10.2018 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега