Трамп: Среќа што не пијам, инаку би бил најлош на светот

Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната прес конференција рече дека не пие алкохол , со шега дека во спротивно би се ,,претворил во хаос”.

,,Можам искрено да кажам дека никогаш во животот не сум испил пиво и тоа е една од моите добри страни. Кога би пиел , може ли да замислите во каков хаос би се претворил? Би бил најлош на светот.” , рече Трамп.

Претседателот на САД се осврна на своите здрави навики за време на прес конференцијата додека го бранеше кандидатот за врховен судија Брет Каванах, кој е номиниран токму од него. Трамп ги отфрлаше обвинувањата на сметка на  Каванах дека пиел пиво додека бил средношколец и студент.

Американските медиуми додаваат и дека постариот брат на претседателот Трамп,  Фред Џеј Ар починал од алкохолизам , така што тој извлекол искуства од судбината на братот.

 

 

 

01.10.2018 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега