Бернардиќ: Резултатите од референдумот даваат нова надеж за Македонија

Претседателот на социјалдемократската партија на Хрватска Давор Бернардиќ, го оцени референдумот во Македонија како надеж дека земјата може да стане дел од евроатлантските интеграции.

„Резултатите на тој референдум даваат една нова надеж дека Македонија наскоrо ќе стане дел од евроатлантските интеграции и друштво во земјите каде што граѓаните живеат подобро. Му посакувам на премиерот Заев и на Македонците многу среќа на нивниот европ пат. Тоа нема да биде лесно затоа што е присутен одреден бојкот на овој референдум на старите структури кои Македонија не ја помрднуваа од позицијата во која беше, и ниту се обидоа да разговараат со Грција  околу името“, рече Бернардиќ.

 

 

 

01.10.2018 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега