Важна вест: Утре пренасочен сообраќајот во Скопје

Во организација на Велосипедската федерација на Македонијам, утре од 11 до 14 часот ќе се одржи велосипедска трка „Трофеј Кале 2018“. 

Траса на движење на натпреварувачите ќе почне од улицата „Самоилова“ (Музеј на современа уметност) долж улицата „Лазар Личеноски“ (круг околу Скопско кале) до улицата „Самоилова“ (Музеј на современа уметност).

Поради трката, како што информира денеска МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи-Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците што гравитираат во близина на трасата.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците.

 

 

 

22.09.2018 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега