Денеска пресуда за лекарите од Гевгелија поради смртта на родилката и нејзиното бебе

Денеска во Основниот суд во Велес ќе биде донесена пресудата за тројцата лекари од болницата во Гевгелија, обвинети за смртта на родилката Мја Кадиева и нејзиното новороденче, информир ТВ 24.

Како што стои во обвинението анестезиологот Томчо Ванчев е обвинет дека нестручно ја спровел анестезијата, што довело до смрт на пациентката, а притоа, тој бил и под дејство на алкохол. 

Двајцата гинеколози, Венци Чалков и Дончо Москов се обвинети бидејќи не ја спречиле операцијата, кога виделе дека нема услови за тоа. Четвртиот лекар кој учествувал во породувањето, анестезиологот Зоран Јовановски почина непосредно пред судскиот процес, кој трае две години.

Маја Кадиева и нејзиното новороденче починаа на породување, на 22 октомври 2015 година.

 

 

 

21.09.2018 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега