Али Ахмети од Желино: На 30 септември нема губитници, победува Македонија и граѓаните

Демократската Унија за Интеграција својата следна активност ја одржа пред жителите на Желино, каде во рамките на кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември на граѓаните им се укажа да излезат да гласаат за зачленување на земјата во НАТО.
 
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во неговиот говор, на граѓаните на Желино им кажа дека на 30 септември сите граѓани на Република Македонија треба да бидат одговорни и свесни бидејќи ова е заедничка Албанско-Македонска мисија.
 
“Да се биде членка на НАТО, тоа не се мери со бројот на жители што ги има државата, туку, таму сите се рамноправни, исто така може да се употреби правото на вето. На 30септември нема губитници, на 30 септември победува Република Македонија, победуваат граѓаните на ова република, значи, добиваат одржлив  мир, стабилност, безбедност и членство во НАТО во наредните 15 месеци, добиваат започнување на преговорите за членство во Европската Унија во јуни наредната година. Сите министри од речиси сите земји на Европската Унија дојдоа кај нас за да ги охрабрат нашите граѓани на 30 септември да гласаат за членство во НАТО“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
 
 
 Говор пред жителите на Желино одржа и шефот на Централниот штаб на ДУИ, Атила Реџепи, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку и поранешниот градоначалник на Општина Желино сега во улога на шеф на штабот во Општина Желино, Фатмир Изаири.
 

 

 

21.09.2018 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега