ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветува 100 евра за глас со кој ќе се откажете од вашите предци

„Прифаќањето на грчките црвени линии нема да помогне да се достигнат европските стандарди. СДСМ удри на крадење и задолжување на државата како да треба Македонија да влезе во сојуз со Северна Кореа или најсиромашните африкански земји, а не како да се приближува кон ЕУ и економска благосостојба. Работите им бегаат од контрола. Власта вчера како најголем успех и достигнување го презентираше пронаоѓањето и чистењето на пелени од страна на Петре Шилегов, кој ангажираше цела армија, полиција, противпожарна единица на Скопје и болнички возила за пронаѓање на стари пелени кои смрдат во стан. Трагедијата да биде поголема презентираше и снимки од успехот“ обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека „Заев ја лаже јавноста дека дневно 23 часа одговара на пораки. Градоначалници се фалат дека прислушкуваат, додека Заев ветува 100 евра за глас со кој ќе се откажете од вашите предци. Судовите не реагираат, државата е во медиумски мрак кога станува збор за големите национални прашања. Со СДСМ на власт државата е комплетно на  колена. Власта е нефункционална и не може да ги извршува ниту основните потреби“

„И додека не си ја работат работата за која се платени од парите на граѓаните, тие  вршат кампања за промоција на капитулантскиот договор кој го потпишаа со Грција, во  која Република Македонија е оштетена страна, со кој го губиме институциналниот идентитет, историјата, културата и традицијата. Свесни за штетноста на договорот и неговата целосна асиметричност ги кријат од граѓаните и уставните амандмани кои ги добија во вид на нон пејпер од грчката влада. Наместо да бегаат од дебата за суштинските прашања, Заев треба да се охрабри и да излезе на дебата со Христијан Мицкоски. Граѓаните очекуваат одговори. Заев не смее да бега“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

21.09.2018 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега