Толку од убавите денови: Пристигнува драстична промена и тоа во овие денови

Времето во Македонија утре ќе биде сончево со мала облачност и топло. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната температура ќе се движи од 26 до 32 степена. УВ=6

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од  12 до 31 степен.

До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. Во недела ќе има извесно зголемување на облачноста со умерен северен ветер и благо опаѓање на дневната температура. Позначителна промена на временската состојба со поизразено заладување се очекува од вторник.

 

 

 

20.09.2018 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега