Адвокатот на обвинетите од „27 април“: Каков е тој тероризам со зборови

Адвокатот, Донче Наков, кој во предметот за крвавиот четврток, ги застапува обвинетите Љубен Арнаудов, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Абдулфетах Аљими, во воведниот говор пред судот кажа дека неговите клиенти не го извршиле кривичното дело, зашто нема умисла за сторување кривично дело, пренесува А1 он.

„Не може да се стори кривично дело со несторување и со зборови. Делото тероризам е сторено со зборови“, рече Наков. „Ќе докажеме дека обвинетите меѓу себе не се познавале и немале позиција на близина“, рече адвокатот.

Тој додаде дека настаните од 27 април се веќе процесирани, а обвинетите воопшто немале намера да го извршат делото, а членот 313 од Кривичниот законик пропишува умисла за сторување.

Во Кривчниот суд денеска продолжува судењето на обвинетите за нападот во Собранието од 27 април минатата година, кое започна вчера. Обвинети се вкупно 33 лица.

 

 

 

 

23.08.2018 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега