Монструми: Со месеци во подрум силувале и мачеле 6 девојчиња - 2 починале од глад

Марк Дитрокс (65), еден од најлошите сериски убијци и педофили во Белгија, киднапирал и силувал шест девојчиња меѓу 8 и 19 години, од кои четири биле убиени.

Овие ужасни злосторства ги вршел со неговата тогашна сопруга Мишел Мартин во 1995 и 1996 година. Две од нив, кои беа затворени во подрумот на куќата што беше претворена во затвор, умреа од глад по неговото апсење бидејќи монструмот не ѝ откри на полицијата каде се наоѓаат тие.

Ништо помалку злобна не била ни неговата сопруга, која беше ослободена по апсењето со кауција. Таа знаеше за девојчињата, но ништо не ѝ кажа на полицијата ниту им однесе храна.

Се верува дека Дитрокс водел педофилски синџир во кој учествувале некои високи белгиски политичари и полицајци. Се зборува дека во оваа афера се вклучени и некои министри од тогашната белгиска влада. А колку е лошо водена истрагата може да се слушне од првиот судија кој работел на случајот.

„Никогаш не наидов на таков отпор во обидот да се дојде до вистината”, рече тој.

Дитрокс и неговите соучесници на крајот беа обвинети за киднапирање, мачење и силување на шест девојчиња и девојки на возраст од 8 до 19 години. Четири од нив беа убиени.

Дитрокс и неговата сопруга беа уапсени и осудени за киднапирање и силување пет девојки во текот на 1980-тите, но не ја отслужија казната. Поради „добро владеење”, тие беа ослободени многу брзо, а за многумина во белгиската јавност тоа беше доказ дека Дитрокс имал моќни заштитници, кои ги криеле неговите злодела.

На судењето, Дитрокс тврдел дека не убил никого, но неговите жртви биле пронајдени задавени од страна на полицијата. Тој признал киднапирање и педофилија на суд, но тврдел дека бил само „курир на педофилна банда”.

Поради киднапирање, силување и убиство, тој беше осуден на доживотен затвор, а во 2013 година поднесе барање за помилување, за што беше одбиен.

 

 

 

23.08.2018 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега