Нови „фантоми“ гласачи на Избирачкиот список

Фантом гласачите кои беа избришани од Избирачкиот список од 2016 година повторно се вратени, пренесува Алсат-М.

Околу 100 граѓани во Центарот за слобода „ЦИВИЛ“ пријавиле нерегуларности во врска со починати луѓе кои се на списокот, како и проблеми со адресите на живеење. Според Џабир Дерала проблемот лежи во изборното законодавство.

Тој ги обвини ДИК за ароганција бидејќи ги повикуваат граѓаните да пријават нерегуларности, а кога граѓаните тоа ќе го сторат, тие ги упатуваат во МВР.

Дерала истакна дека ДИК нема време да ги реши сите проблеми, но барем треба до 30. септември да обезбеди услови за сите гласачи да гласаат на референдумот.

Според извештајот на ДИК, од 9 до 13 август, од изборниот список се избришани 77 гласачи и тоа 69 во Кисела Вода, седум во Демир Хисар и еден во Карпош.

 

 

 

15.08.2018 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега