Младо момче излета од патот Градско-Прилеп

Во 10.30 часот на патот Градско-Прилеп, 26-годишниот М.Б. од селото Новаци, управувајќи мотоцикл „Кавасаки ZX-IOR“ со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

МВР денеска јавува дека тој бил пренесен во Медицински центар Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот  извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

15.08.2018 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега