Рушењето на мостот во Џенова можело да биде спречено - експертите предупредувале на ова

Во денешната трагедија кога се сруши мост во Џенова, Италија, загинаа досега најмалку 35 лица.

Вистинската причина за рушењето уште не е позната , но постојат неколку теории околу тоа што довело до оваа трагедија

Мостот Моранди е пуштен за користење на четврти септември 1967-ма година, после четири години градење. Името го добил по проектантот, инженерот Рикардо Моранди, долг е 1.182 метри, а низ годините е мета на критики поради својата проблематична конструкција, пишува италијанскиот весник Кориере Дела Сера, каде додаваат дека токму тоа може и да е причината за трагедијата.

Мостот минува над трговски центри, фабрики, станбени згради, железничката пруга Џенова- Милано и реката Полцевера, а и е дел од автопатот А10. Мостот бил тема на расправа на инженерите поради големите трошоци за одржување кои во еден момент требало да ги поминат самите трошоци за неговата изградба, поради што некои бараа да се сруши истиот и да се направи нов.

Ројтерс пишува дека мостот бил обновен пред две години, а управителот на автопатот истакна дека во време на колапсот траеле работите и зацврстувањето на неговите темели, како и дека мостот бил под постојан надзор.

Италијанска Република, пренесува изјави на четиричлено семејство во состојба на шок, за тоа дека гром погодил еден од столбовите на мостот, после што цементот почнал да се распаѓа, но наведува дека веројатно станува збор за сугестија во барањето причина за можната причина за несреќата.

Експертите наведуваат дека покрај лошата конструкција, дополнителен проблем би можел да биде и фактот дека се работи за мост преку кој дневно минуваат десетици илјади возила, што доведува до дополнителна деградација на конструкцијата. Тие некое време предупредувале дека мостот е проблематичен поради деградацијата на бетонот и високите трошоци за одржување. Во 2009 година е направена студија според која мостот мостот ќе се сруши и на негово место ќе се изгради нов. Во извештајот од 2011 година се предупредува на интензивна деградација поради сообраќајот.

Истрагата е во тек, како и акцијата за спасување. Се стравува дека до утре сабајле бројот на мртви би можел да биде уште поголем од оној во моментов, досега официјално има 35 жртви, меѓу кои и едно бебе.

 

 

 

14.08.2018 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега