ВИДЕО: Стоел пред мостот во Џенова кој се рушел - експлозијата го исфрлила метри подалеку

Еден од сведоците на денешната трагедија во Џенова, кога дошло до решење на мостот на автопатот А 10, при што настрадаа 35 лица, вели дека е вистинско чудо што преживеал.

Средновечниот човек за локалната италијанска телевизија рекол дека стоел пред својот камион под мостот во Џенова, кога се срушил, а ударот го исфрлил 10 метри во еден ѕид, поради што го повредил десното рамо и колкот, пренесува агенцијата АП.

„Бев пред камионот и одлетав како и сѐ останато. Да, мислам дека е чудо што преживеав. Немам зборови“, додал тој.

Над стотина спасувачки екипи со кучиња трагач ги пребаруваат рушевините во потрага по жртвите.

 

 

 

14.08.2018 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега