Влегол во тоалет па сите завршиле во болница - драма во угостителски објект во Охрид

Во 01,30 часот утрово во СВР Охрид е пријавено нарушување на јавниот ред и мир од страна на лицето О.М. од Охрид.

Според пријавата О.М. во тоалетот од угостителскиот објект фрлил предмет кој испуштил силна миризба од што, три лица од Скопје се пожалиле на болки и солзење од очите.

Набрзо, повикана била итната медицинска помош со чие возило, лицата се пренесени на очното одделение во Општата болница во Охрид каде им е укажана неопходна медицинска помош.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

04.08.2018 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега