Прегазена жена итно донесена на скопските Клиники

Околу 08 часот било пријавено дека во Велес на улицата „Благој Ѓорев“ товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со винички регистерски таблици управувано од 60-годишниот К.П. удрило во пешак.

Се работи за 73-годишната В.Ј. која била пренесена во Јавната здравствена установа во Велес каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

04.08.2018 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега