Викенд временска прогноза: Не чека пресврт со времето

За време на викендот кој ни е на прагот времето во државава ќе биде значително постабилно и условите за нестабилност и за врнежи значително ќе се намалат насекаде низ државава, стои во временската на Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево, топло и спарно со умерена локална облачност.

Само особено во планинските места ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд проследен со ретки грмежи во текот на попладневните часови.

Ќе дува слабо до умерен ветер од североисточен правец и тоа особено утре (сабота).

Максимумот на температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35, 36 степени во најтоплите региони од државава.

 

 

 

 

 

03.08.2018 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега