Идентификувани дел од учесниците во инцидентите на Мечкин Камен

Полицијата, преку видео снимките идентификувала дел од лицата кои ширеа говор на омраза и кои фрлаа со предмети кон странски дипломати и владината делегација вчера во Крушево.

Од утрово во полициските станици повеќемина од нив се повикани на разговор, дел од нив уште се идентификуваат и штом биде целосно завршена оваа истрага, МВР ќе ги достави сознанијата во ОЈО. 

 

Од министерството за одбрана веќе соопштија дека на видео снимките препознале припадник на АРМ во првите редови на толпата која ги предизвика инцидентите на Мечкин Камен. Иако војникот негирал дека тој учествувал во инцидентот, од министерството формирале Комисија за покренување постапка против професионалниот војник.

 

 

 

03.08.2018 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега