Палмер за ТВ Тера: Граѓаните треба да излезат на референдум и да го слушнат сопствениот глас

Вршителот на должност помошник заменик државен секретар на Стејт Департментот, Метју Палмер, заедно со амбасадорот Џес Бејли присуствуваа на прославата на Илинден во Крушево, во интервју за ТВ Тера  вели:

„Многу внимателно го ислушав говорот на Претседателот и на што го кажа. Јас не се согласувам со тоа како го тој го окарактеризира „Договорот од Преспа“. Сепак, тој кажа една многу важна работа – велејќи дека македонската јавност има искуство, знаење и зрелост за да носи вакви одлуки (за референдумот), јас подразбирам дека тој всушност го поддржа процесот на референдумот. Македонскиот електорат треба да излезе на 30 септември и направи нивниот глас да биде чуен и испочитуван. Сметам дека тоа е најважно за овој процес. Ако на 30 септември граѓаните излезат на референдумот и го слушаат својот глас, тоа ќе биде многу важен дел од процесот. Најдоцна за две години македонското знаме може да се вее во НАТО. Тоа е нешто што може да се достигне“ вели Палмер“

 

 

 

03.08.2018 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега