Изјава која го запрепасти светот: „На слугите не им треба слободен ден, ниту пак нивните пасоши“

Кувајтската Инстаграм ѕвезда и експерт за шминка, Сондос Алкатан која ја следат 2.3 милиони луѓе, се најде на удар на критики, бидејќи се жалела на новиот закон кој ја подобрува положбата на вработените од Филипини кои работат во куќите на богатите жители на Кувајт.

На Сондос и засметало тоа што “слугите“ во иднина ќе имаат еден ден слободен неделно, а ќе можат и да ги задржат своите патни исправи.

На социјалните мрежи го објави своето гневно излагање кои брзо се прошири.

„Како можете дома да имате слуга кој го задржал пасошот со себе? Што е уште полошо, добиваат еден ден слободен. Ако побегнат назад во својата земја, кој ќе ми ги врати парите за нив? Искрено, не го поддржувам овој закон. Не сакам повеќе слугинки од Филипини“ – изјавила.

Имено, законот е донесен бидејќи Филипини им забраниле на своите граѓани да патуваат во Кувајт откако дваесет и деветгодишна Филипинка била пронајдена мртва и осакатена во стан во оваа блискоисточна земја.

Сондос соработувала со Max Factor и MAC, а нејзините критичари бараат од овие големи компании да ги раскинат договорите со неа.

 

 

 

25.07.2018 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега