Најголема трагедија во пожарот во Грција: Откриени детали за смртта на 26 лица кои прегрнати изгореа живи

Апокалиптичните пожари во Грција, во кои загинаа најмалку 80 лица, ги принудија луѓето да да бегаат од своите домови, куќи и станови во кои престојуваат.

Некои успеале да избегаат со автомобили, мотоцикли или пешки, буквално скокајќи во морето пред огнот, што, поради ветрот, се ширел неверојатно брзо и голтал се пред него.

Многумина, за жал, не успеаја да избегаат. Како што веќе беше познато, 26 мажи, жени и деца во селото Мати биле изгорени, само триесет метри од морето кое можело да ги заштити. Нивните тела биле пронајдени заедно, прегрнати.

"Њујорк тајмс" објави досега непознати детали за оваа невидена трагедија во идиличното медитеранско одморалиште. Група од неколку семејства заедно очајно се обидувале да ја најдеат вратата во оградата зад која биле стрмни скали кои водат до плажата.

Кога репортерот пристигнал на местото, затекнал само футроли за наочари, мобилни телефони и една голема кожна сандала. Подалеку од нив биле телата на келолку изгорени кучиња, но телата на жртвите спасувачите одамна ги однеле, а зад нив на земјата оставиле неколку гумени ракавици.

Остар мирис, чад и купишта изгорено ѓубре, му даваат апокалиптичен изглед на летувалиштето. Улиците се црни од оган а пајак службата ги носи остатоците од запалените автомобили.

 

 

 

25.07.2018 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега