Заев - Стафансон: Шведска го поддржува продолжението на процесите за евро-атлантската иднина на Македонија

Шведска ја поддржува Македонија во продолжението на процесите што водат кон заокружување на евро-атлантската иднина на нашата држава, е пораката што ја пренесе шведксиот амбасадор Матс Стафансон на средбата со премиерот Зоран Заев попладнево на која станало збор за можноста за продлабочување на соработката помеѓу двете држави, на повеќе полиња од интерес на граѓаните на двете земји, како и за актуелни политички теми.

Како што соопштија од владината прес-служба, на состанокот е констатирано дека е неопходно сите политички субјекти да се посветат на конструктивни политики што носат напредок на Македонија и квалитетен живот за граѓаните.

- Мојата определба како премиер и определбата на Владата е низ интегративен политички процес во државата, да се постигне договор за важните политички прашања, во интерес на иднината на Македонија. Тоа го покажавме и во договарањето за ДИК, за финансирањето на политичките партии, за измените во Законот за Влада. Очекувам сите од опозицијата да се придружат на мнозинската политичка определба и на определбата на граѓаните за евро-атлантска иднина. Затоа верувам дека референдумот ќе биде успешен и на него ќе биде одразена мнозинската волја, за Македонија интегрирана во ЕУ и НАТО, рече премиерот Заев, се наведува во соопштението.

 

Воедно, се додава, претседателот на Владата му се заблагодари на амбасадорот на Кралството Шведска за големата поддршка што и ја дава Шведска на Македонија во сите демократски и развојни процеси на нашата држава.

 

 

 

25.07.2018 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега