Позната состојбата на девојчето од Охрид со дијабетес кое во болница беше донесено во кома

 Дете од Охрид со дијабетес тип 1 е примено попладнево на Клиниката за детски болести, стабилно е и не е во животозагрозувачка состојба, изјави за МИА ендокринологот Марина Крстевска Константинова од Клиниката за детски болести.

Таа рече дека станува збор за дете на возраст од девет години на кое кога го примиле резултатот од измерениот шеќер во крвта му бил 14.

- Ќе го ставиме на инсулинска терапија која мора да ја прима. Од Општата болница во Охрид беше препратено. Таму му бил утврден дијабетес. Сите деца со дијабетес тип 1 се препраќаат на Детската клиника за да им се одреди терапија и начин на исхрана и да се едуцираат родителите за терапијата која мора да ја прима детето, рече Крстевска Константинова и додаде дека зависно од состојбата најчесто на Клиниката остануваат една недела. 

Станува збор за четврти случај на дете со дијабетес донесено на Клиниката за детски болести за само една недела. 

Девојчето од свадбена прослава заврши на апарати за дишење.

Заменик министерот за здравство Асим Муса вели дека родителите се виновни за нејзината состојба, бидејќи и покрај нејзиното укажување дека нешто не е во ред со нејзиното здравје, тие не ја однеле на време на лекар.

 

 

 

25.07.2018 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега