Заев до опозицијата: А да прашаме на референдум дали сакате Македонец за иден претседател на САД

Премиерот Заев денеска говореше за прашањето за името и референдумското прашање.

Проблемот, според него, е околу прашањето затоа што, како што рече, чесно, јасно образложливо, едноставно и фер кон граѓаните е да им се соопшти прашање кое што е основ за постигнување на Договорот со Грција за нашите интеграциски перспективи.

- Затоа, поставивме прашање-дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Од опозицијата добивме контра прашање  кое гласи - дали сте за поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција потпишан од министерот Никола Димитров и Никос Коѕијас во Серадес (Нивици), кој што целосно го уништува македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската култура и македонската национална посебност. Тоа не е точно и ние не можеме да поставиме такво прашање на граѓаните, рече Заев, истакнувајќи дека Владата сака за прашања од национален интереес да се застане заедно, но оти граѓаните треба да знаат дека единствено е фер да се постави прашање кое е логичко на моментот во кој се живее и одлуките кои се очекуваат. 

Како што рече Заев, граѓаните ќе излезат на референдум, убаво е опозицијата  да ги каже своите ставови, заедно да се формулираат прашањата и заедно да се застане зад нив. Но, укажа дека не може да се постави едно прашање дали сте за ЕУ, дали сте за НАТО друго прашање, а трето прашање дали сте за Договорот со Грција. Ќе ги заокружиме првото и второто, а за третото сме против и тогаш која е целта на референдумот. Тогаш да поставиме и четврто прашање - дали сте согласни следниот претседател на Америка да биде од Македонија, рече Заев потенцирајќи дека целта е сите да бидат сериозни. 

 

 

 

25.07.2018 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега