Градоначалникот на СДСМ доби 18 месеци затвор за шверц на цигари - од денеска се враќа на својата позиција

Градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев добил 18 месеци затвор за шверцот со цигари, дознава Press24 од неофицијални извори. Нашите се уште официјално непотврдени информации велат дека градоначалникот ја признал вината откако обвинителството му го преквалификувало делото во шверц на цигари во обид.
Едно лице добило условна казна, додека синот и внукот на градоначалникот добиле по 12 односно 10 месеци затвор.
Стојчев е ослободен од притвор и до правосилноста на пресудата ќе остане на градоначалничката позиција.
Информациите се уште немаат официјална потврда.
Стојчев заедно со уште неколку лица беше фатен на дело со голема количина на цигари.

 

 

 

25.07.2018 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега