Девојчето со дијабет се разбуди од кома - за заменик министерот за здравство виновни родителите

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, вели дека е пропуст на родителите задоцнето откривање на дијабет кај трите деца кои се хоспитализирани на КАРИЛ и на Детска клиника. Според него невистинити се обвинувањата дека медицинските лица, матичните доктори и стручниот кадар во болниците не успеале навремено да ја утврдат дијагнозата, пренесе Фокус.

-Бев во посета и го видов девојчето на КАРИЛ. Таа е во стабилна состојба, се подобрува, при свест е. Сакам да потенцирам дека сите три случаи се новооткриени. Дијабетот им е откриен кога прв пат отишле на лекар. Ништо не е пропуштено и се е согласно правилата. Бидејќи деца со дијабет се третираат на клиниката за детски болести тие се навремено упатени во соодветните установи. Не е вистина дека се несоодветно лекувани и дека е закаснето со лекувањето – рече заменик министерот.

Според него децата се донесени од дома во тешка состојба, а виновни се родителите. 

 

 

 

25.07.2018 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега