Рот: Трагично е да ја испуштите шансата за ЕУ и НАТО

Без решение за спорот за името нема конкретна перспектива за ЕУ  и за НАТО. Сега е направен исчекор на тој пат. Ова е голем успех, историски пробив и би било трагично ако кон натамошниот пат кон ЕУ биде попречен, ако не постои подготвеност во оваа земја во однос на прашањто на ЕУ, Уставот, изборното право. Треба да постои конструктивна соработка. Владата носи посебна одговорност за сето ова, но и опозицијата носи одговорност, порача  државниот министер надлежен за Европа во Министерство за надворешни работи на Германија Михаел Рот.

На прес-конференција попладнево со својот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, Рот истакна дека пристапните преговори во Алијансата можат да почнат доколку продолжи реформскиот процес што го видовме со големо темпо во минатите месеци. - Исто така, и ЕК даде до знаење дека има доверба во вашата работа и дека ќе почне скрининг-процесот, додаде Рот. 

Подвлече дека знае оти разговорите биле болни за многу граѓани и дека постои скепса, но подготвеноста за компомис, како што рече, ќе вреди и ќе се исплати. Упати честитки и  благодарност за личната посветеност на министерот Димитров и премиерите Заев и Ципрас, истакнувајќи дека дека таа подоготвеност  мора да продолжи. Ја повика и опозицијата и нагласи и дека сите политички актери носат одговорност. 

- Вие напишавте историска европска приказна и на сите одгворни лица им честититам и им укажувам почит за овој голем чекор кој можеше да се постигне само со храброст, решителност, подготвеност за компромис и  да се ставите во состојбата на другиот партнер, рече Рот  на прес-конференцијата во МНР по средбата со Димитров. Додаде дека спорот за името се решава по 27 години, како што рече,  долги, тешки и контроверзни, спор кој фрлал голема сенка врз развојот на земјата. 

Посочи и дека за краток период со потезите кон соседите земјава постигнала углед со кој, рече, нејзините граѓани можат да бидат горди. Очекува реформите да бидат спроведувани решително и во иднина, како што беше и во минатите месеци, наведувајќи ги борбата со организираниот криминал, корупцијата, реформи во правосудството и владеење на правото.

- Има уште многу работи кои треба да се направат, но никој не може да очекува пред почетокот на пристапните преговори дека се треба да биде решено. ЕУ перспективата на земјата не е нешто што е апстрактно. Членството во ЕУ ќе биде позитивно за граѓаните на вашата земја, рече Рот, додавајќи дека за разлика од пред половина година, сега може многу поконкретно и поамбициозно да се зборува за ЕУ-перспективата. 

 

 

 

 

23.07.2018 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега