Сообраќајка на патот Велес-Штип: Повредени 20 работници

Дваесет работници се повредени во сообраќајката што се случи попладнево околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево во која се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес.

Како што информира за МИА Весна Лазаровска од ЈЗО Општа болница Велес пред 50-тина минути со возило на итна медицинска помош од Велес во болницата итно биле донесени 20 повредени работници.

-Сите беа прегледани и им беше укажана медицинска помош од тимот на Општа болница Велес предводени од хирургот д-р Филип Тодоровски. Кај осуммина беа утврдени полесни телесни повреди и се хоспитализирани во болницата, а останатите 20-тина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување – информира Лазаровска.

Екипа на СВР Велес е на терен и прави увид за утврдување на причината за сообраќајната несреќа.

 

 

 

23.07.2018 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега