ВИДЕО: Застрашувачка глетка на популарната плажа - туристите веднаш се разбегале

 

Капачите кои се одморале на крајбрежјето на Црно море прилично се изненадиле кога од морето се приближиле силни ветрови.

Воден вртлог опасно се доближувал кон плажата на рускиот ризорт Аркипо-Осиповка, која во тој момент била преполна со капачи.

Видеата се снимени од брегот на морето.

Ваквите ветришта се сметаат за слаби торнада, а главно се појавуваат кога ладен воздух ќе се надвие над топлата морска вода. Морето како извор на влага додатно е погодно за развој на големи нестабилности во атмосферата и облаците.

Доколку се случи овие ветрови од морето да преминат на копно, тогаш стануваат разорни, но брзо исчезнуваат.

 

 

 

23.07.2018 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега