Одбележување на 55 годишнината од катастрофалниот земјотрес

Со дваесетина културни настани (изложби, перформански, музика и активизам) на неколку локации, од вечер, 23 јули, до четврток, 26 јули, Град Скопје ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, соопштува Град Скопје.

Почетокот на манифестацијата ќе се одбележи вечер  со враќањето на буквите од пораката на Јосип Броз Тито на источната страна на Музејот на град Скопје. Граѓаните овој настан ќе можат да го проследат од 20 часот во Музејот. Во рамките на оваа манифестација ќе настапат и хоровите „Златно славејче“ и „Карпош“.

„Пораката која со години беше сведок на историската солидарност што Скопје ја доби од светот по разорниот земјотрес, и беше препознатлив нераскинлив дел од Музејот и градското јадро, повторно ќе се врати на своето место. Овој настан симболично наречен „Солидарноста се враќа дома“ ќе биде проследен со активности во Музејот на град Скопје.„Зборува Скопје“ во четири дена ќе ја обедини ликовната, театарската, филмската и мултимедијалната уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата.Музејот на град Скопје, Графити галеријата во ГТЦ, КИЦ, Музејот на современата уметност, платото пред МКЦ, ќе бидат местата кои во овие четири дена за скопјани ќе понудат интересни настани што ќе можат да се погледнат само во рамките на оваа манифестација. „Тивка реконструкција на земјотресот“, перформанс на Билјана Радиноска и „Сонува Скопје“, краткометражен филмски колаж на Дина Дума, се дела на нашите млади уметници што ќе бидат дел од централниот настан на 25 јули што ќе се одржи во Графити галеријата на ГТЦ“ стои во соопштението од Град Скопје.

 

Потоа ќе следува концертот „Разговор со смисла“ на Mammoth & Yashem, настап во живо на Тодор Караколев и затворен џем сешн со музичари од новата скопска сцена.

„На 26 јули со почеток во 5:17 минути, времето кога се случил земјотресот со аудиоакција на 5 различни локации низ градот, во организација на Група урбани уметнички акции и Центар за современи уметности, ќе ги потсетиме граѓаните на трагичниот настан. Традиционално ќе се одржи  крводарителската акција, во вечерните часови Организацијата на жените на град Скопје 55-годишнината ќе ja одбележи со поетско читање во Музејот на град Скопје, а во претпладневите часови организационен одбор ќе положи цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта во Бутел.Здружението за волонтерско работно и едукативно ангажирање акцијаши на територијата на општина Гази Баба ќе организираат работни акции во периодот од 23-28, како и богата едукативна културна програма во акцијашкиот камп во студентскиот дом „Стив Наумов“стои во нивното соопштение.

ЈСП и ЈСП Турс ќе се вклучат во одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година со организирање „Рута на солидарноста“, односно панорамско разгледување на Скопје со автобус со фокус на случувањата поврзани со земјотресот. Турите ќе се изведат со професионален туристички водич, а ќе се реализираат на 24, 25 и 26 јули, со две поаѓања, во 11 и 17 часот . Двете тури на 24 јули ќе бидат бесплатни, а за преостанатите цената на билетот ќе изнесува 150 

 

 

 

23.07.2018 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега