Мицкоски до Заев: За она што се афери и криминални тендери сега ќе одговарате

Според извори на „Курир.мк“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната лидерска средба која се одржува во Клубот на пратениците му кажал на премиерот Зоран Заев дека досега тој, Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Деспотовски и уште неколку си загарантирале обвиненија по неколку члена од кривичниот законик,пишува порталот.

Оттаму нагласуваат дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не зборело за амнестија, што се докажува во процесот на преговори во Клубот на пратениците. Едиствено за што се залагала партијата е примената на европските практики и искуства во домашното законодавство, процес кој и натаму ќе остане отворен.

Според „Курир“ од дознавањето на ваквите афери во јавноста, Заев и Шекеринска биле видно вознемирени, особено бидејќи станува збор за афери во кои се вклучени нивни блиски луѓе и соработнци.

 

 

 

 

 

23.07.2018 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега