Каде исчезна „мешето“ на Меланија- првата дама без грам вишок килограми, а ова е причината

„Мешето“ на Меланија долго време беше мистерија па неколку пати покрена и шпекулации дека првата дама е бремене.

Меланија често беше гледана во јавноста со надуен стомак, па дали не сакала или не можела , таа овој проблем не го криеше никогаш, зтоа и ги освои симпатиите на жените ширум светот.

Пред неколку месеци  таа имаше ненадејна операција на бубрезите, во болница во Вашингтон, а по тоа следеше мистеризона пауза од јавноста и медиумите.

Сите се прашуваа каде е Меланија, а кога се врати, надуениот стомак исчезна. Нејзиниот рамен стомак посебно дојде до израз вчера на самитот во Франција, кога покажа дека фармерки и балетанки се непогрешлива комбинација.

Експертите веднаш забележаа дека ова има врска со операцијата. Тие претпоставуваат дека надуениот стомак може да биде знак за заболени бубрези, а сега кога проблемот е отстранет, го нема и надуениот стомак.

 

 

 

20.07.2018 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега