Денеска го славиме овој светец: Една работа треба да направите за да ви тргне во животот

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јули.

Денеска е Преподобен Сисој Велики.

Преподобен Сисој беше Мисирец (Египќанец), сонародник и ученик на основоположникот на пустиножителното монаштво Антониј Велики. По смртта на свети Антониј, Сисој се насели на гората на која се подвизуваше неговиот учител-која по него го доби името Антониева-и таму помина во секаков подвиг цели 60 години. Толку ја исчисти својата внатрешност, што стана незглоблив како дете, па ја достигна полнотата на човечката природа и од Бога прими големи дарови за помош и наѕидување на другите. Преживеа долго време и се претстави пред Христа Бога во 429 година.

Овој светец важи за заштитник на децата, па затоа многу мајка практикуваат пред овој празник да постат една недела со цел да се прочистат и децата да им бидат здрави, но и да ги следи среќа.

Се верува дека доколку на денешен ден врне дожд треба децата да се пуштат надовр добро да покиснат. Така најдобро ќе заздрават додколку боледуваат и ќе израснат во здрави личности.

 

 

 

19.07.2018 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега