Навредуван и нападнат полицаец во Демир Хисар

Вчера во 18:30 часот во Битола на улица „Батаљон Стив Наумов“ додека полициски службеник преземал службени дејствија за откривање на сторители на кривични дела по член 215 од КЗ на РМ, го забележал 18-годишниот В.И. од село Белче–Демир Хисар по што истиот се дал во бегство. 

Откако полицискиот службеник го пристигнал В.И. почнал да му упатува вербални закани  по што физички го нападнал. 

Сторителот е приведен во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

 

 

 

 

13.07.2018 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега