Маж со изгореници по телото донесен на скопските клиники

Вчера во 22:20 часот во гостиварската Општа болница „Ферид Мурат“ бил донесен 40-годишниот Б.Ј. од Гостивар со изгореници по телото што ги здобил во пожар во неговиот стан.

Додека спиел во дневната соба од засега неутврдени причини избувнал пожар, кој за кусо време го изгаснала неговата сопругата која исто така се здобила со изгореници на рацете. По укажаната лекарска помош, Б.Ј. е пренесен во скопските клиники, каде е задржан за натамошно лекување. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

13.07.2018 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега