Руско МНР е против членство на Македонија во НАТО

Руското Mинистерство за надворешни работи денеска соопшти дека се противи на членството на Македонија во НАТО и проширувањето на Алијансата.

„Присилното влегување на Македонија во НАТО само потврдува дека политиката на „отворени врати" сама по себе стана цел и алатка за контрола на геополитичката територија"- стои во соопштението на руското МНР .

Тврдат дека плановите на НАТО за зајакнување на воената активност ги продлабочува поделбите и ги интензивира тензиите во Европа. НАТО, како што е наведено, се претставува како дефанзивен сојуз, но го интензивира купувањето на офанзивно оружје.

 

 

 

12.07.2018 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега