Мицкоски: Наше право и должност е да ги браниме националните интереси и тоа ќе го правиме во иднина

ВМРО-ДПМНЕ е современа десна партија и ние мораме да бидеме луѓе кои секогаш ќе застанат на браникот на одбраната на националните и државните интереси, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањеto во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце.

Тој појаснува зошто е формирана оваа партија, потенцирајќи дека методологијата која што ВМРО-ДПМНЕ ја одбрала е како да ги одбрани државните и националните интереси. Според него, тоа право останува само за структурата на ВМРО-ДПМНЕ и сите оние граѓани кои ќе се придружат за да ги бранат интересите.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ  е на терен со граѓаните, односно дека се формирани околу 1500 тимови чија задача е да се запознаат со реалните проблеми на граѓаните. Појаснува дека сите тие реални проблеми ќе бидат во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицискиот лидер додаде дека суштината која ВМРО-ДПМНЕ како современа десна партија треба да ја продолжи е и понатаму да ги брани националните и државните интереси.

Тој истакна дека постои огромна какафонија во изјавите на владини претставници околу изградбата на мигрантски кампови во Македонија.

Мицкоски забележа дека во јавноста постојат документи кој ја потврдуваат намерата на Владата на СДСМ за изградба на прифатни центри за странци, односно мигрантски кампови.

-Гледаме какафонија во соопштувањето на информациите на владата има па нема. Излегува премиерот има. Министерката за труд и социјала вели нема да има. Па излегува директорот на БЈБ ќе има ама тоа е поради ова. Фактот е едно. Фатени се во лага. Македонија односно прифатилиштето за странци, таканаречен мини мигрантски камп кој што ќе се гради, мислам дека беше во Бардовци, Визбегово, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Ние имаме една сериозна преписка која што е помеѓу Светска Банка и канцеларијата на ЕУ овде во Македонија, каде што јасно и гласно е посочена парцелата која што ја гледавме на медиумите каде што имаме одговор дека се чека одобрение за градба и веднаш да почне изградбата на тој инфраструктурен објект. И намената тој инфраструктурен објект. На крајот од денот ја гледавме и урбанистичката документација која точно се однесува на прифатилиште за странци“.

Мицкоски запраша и до каде е клиничкиот центар што СДСМ го запре, а вооедно ветуваа дека ќе го градат, Истакна и дека граѓаните се тие кои ги плаќаат штетите од ваквото неодговорно работење.

-За изграбда на нов Клинички центар, СДСМ немаа проект. За тој проект се обезбеди финансирање, се потпиша договор, дојде нова влада им требаше една година да мислат што да прават, како да прават, како да го поништат и го поништија. За тоа сега државата ќе плаќа пенали и тие пенали ќе ги плаќаат граѓаните, потенцираше Мицкоски.

Тој во своето гостување истакна дека СДСМ, Клинички центар сакаше да го премести во Бардовци, но,  јавноста веќе неколку месеци нема слушнато што се случува со тој проект.

Мицкоски истакна дека тој се засрамил кога прочитал за статијата дека Холандски средношколци го чистеле Клинички центар од ѓубре.

Затоа секој мирен протест, секој израз на револт на секој граѓанин на Република Македонија, без разлика на темата, јас знам дека сега е инсензибилизирана ситуацијата во државата. Сепак луѓето имаат чувство како нешто да им се одзема на сила како нешто да се трга да се двои од нив, ние ги подржуваме и тука немаме никаква дилема, рече Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека одредена група блиска до институциите и блиски до владата на Заев имале за цел да предизвика инцидент на еден мирен протест каде што народот излегол да го искаже својот револт од погрешните политики на владата на СДСМ и Заев, со цел ВМРО-ДПМНЕ да биде преставено како насилна партија и радикален елемент.

Мицкоски потенцираше дека полицијата се однесувала насилно кон протестирачите кои мирно излегле да протестираат против договорот со Грција, нарекувајќи го капитулантско дело на владата на Заев. Тој истакна дека МВР се бранела со изјава дека го спречиле народот повторно да влезат во Собранието и да се случи нов 27 април, посочувајќи дека граѓаните мирно протестирале, но биле нападнати од страната на полицијата на Спасовски, а целта им била да го заплашат и замолкнат народот кој не се согласувал со политиката на Заев за промена на уставното име.

 

 

 

12.07.2018 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега