Столтенберг: Скопје добива шанса да се приклучи на Алијанската под ново име

На денешната прес конференција на вториот ден од Самитот, Столтенберг рече дека со поканата за преговори за Скопје, Алијансата покажала дека нејзините врати остануваат отворени.

 

На прашање од новинарите за протерувањето на руските дипломати од Грција, по информациите дека се мешале во внатрешните работи на земјата и во Договорото за името, Столтенберг нагласи дека тоа е неприфатливо.

Покажавме дека вратите на НАТО остануваат отворени со упатувањето покана до владата во Скопје да ги почне пристапните преговори, рече генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во обраќањето на вториот ден од самитот.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, изјави дека Македонија добива шанса што и се пружа еднаш во животот, да и се приклучи на Алијансата под новото име Република Северна Македонија.

 

 

 

 

12.07.2018 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега