Прилеп: Затвореник повредил двајца полицајци и им се заканувал со нож

Затвореник од Казнено-поправната установа во Прилеп повредил двајца полициски службеници кои требало заедно со уште еден затвореник да ги спроведат од Општата болница во Битола до затворот. 

Имено инцидентот се случил вчера околу 16 часот во кругот на Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп кога полициските службеници со службено возило требало по завршување на лекарските прегледи на затворениците, да ги вратат до затворот во Прилеп. Во моментот кога затвореникот Р.С. требал да се качи во возилото, извадил нож и почнал да заманува кон полицајците, соопштуваат од МВР.

Двајцата затвореници Р.Т. и Р.С. се вратени во затворот во Прилеп, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

12.07.2018 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега